„Парк“
една поинаква
свадбена приказна
Ресторанот “Парк” претставува свадбен ресторан со магичен сплет од стилски ентериер, декорација и професионално осветлување, со капацитет кој овозможува свадби и свадбени прослави за 350 лица. Прекрасниот амбиент, внимателно осмислениот концепт како и нашата локација во градскиот парк на Скопје, го прават овој свадбен ресторан поинаков и се само дел од причините зошто токму тука да го прославите вашиот посебен ден.
Покрај сите останати детали, за една успешна прослава потребна е и одлична храна. За таа цел, подготвивме повеќе мениа за сечиј вкус, а нашите врвни готвачи ќе се погрижат тоа да биде вкусно и топло сервирано пред секој ваш гостин.
Ресторан “Парк” е продолжување на една успешна 25 годишна традиција во угостителството и организацијата на свадби, дел од брендот „Ragusa“. Наш основен предизвик е секоја свадба да биде успешно реализирана, младенците задоволни, а гостите доволно импресионирани за да раскажуваат.
Повелете и уверете се во нашиот докажан квалитет.