Парк
Ресторан Парк е совршената локација за организирање на Вашите корпоративни настани, презентации и прослави.
Со својот стилски уреден и флексибилен простор, врвен комфор и искусен тим, Парк нуди сè што ви е потребно за професионално организиран настан – без стрес и со внимание на секој детаљ.
Нашата цел е вашите идеи да ги претвориме во реалност, а вашите гости да заминат импресионирани. Од техничка поддршка и кетеринг, до прилагодена атмосфера и беспрекорна услуга – ние се грижиме за сè. Дозволете да бидеме дел од вашата успешна деловна приказна.
Карактеристики
-
Супер брз интернет
-
Професионално осветлување (Intelligent Lighting)
-
Ротирачка платформа со електричен погон идеална за презентации и изложби
-
2 бини
-
LED екран со висока16:9 резолуција и големина од 5м x 3,5м
-
Простор од 600м2 кој може да се прилагоди и за помали настани
Широка понуда на храна со централно сервирање, шведски маси, flying buffet а исто така можност и за custom мени.
Професионално озвучување со дополнителна опрема која вклучува микрофони, пилотки, безжични микрофони, рачни жичени микрофони.
Скица
Референци
Парк Рагуза е локација за организирање на настани која во секој сегмент од процесот се поставува како вистински стратешки партнер, а не само како простор.
Од самиот почеток, впечатокот започнува со топол и професионален прием од страна на сопствениците, проследен со конструктивни разговори и посветен пристап кон разбирање на замислата и активно предлагаат решенија како таа најсоодветно да се оживее во просторот. Прифаќаат предизвици и целосно се фокусирани на нивна успешна реализација.
Комуникацијата со целиот тим е на исклучително високо ниво – од топ менаџментот, преку организациските менаџери, до целиот персонал. Сите се љубезни, гостопримливи, исполнителни и точни, со јасна ориентација кон исполнување на договорените обврски. Навистина е задоволство да се организира настан со тим кој е мотивиран, посветен и ја работи својата работа со професионализам и ентузијазам.
Парк Рагуза е простор со одлична флексибилност, кој лесно се приспособува на различни концепти и потреби на настани. Дополнителна предност е лесниот и едноставен пристап до локацијата, сместена во централното градско подрачје.
Посебно би ја истакналa и гастрономската понуда – иновативна и инспиративна во подготовката, визуелно атрактивна во сервирањето и прецизна во послужувањето.
По секој настан организиран во Парк Рагуза, чувството е исто: одлично реализиран настан, прекрасна атмосфера и задоволни гости. Следен настан, нова идеја на истата локација.
МИЛИЦА МАКСИМОВ
Сениор менаџер за организирање, планирање и координација на настани- маркетинг агенција Публицис, СкопјеЗа нас, Park by Ragusa Group е повеќе од локација, тие се наш партнер со чија професионалност реализиравме бројни клучни настани, гарантирајќи дека секој сегмент ќе биде на нивото што го бара современиот ИКТ сектор. Соработката со нив е веќе докажан стандард за успех кој продолжува и во периодот што следи.